Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган беше кум на венчавката на поранешниот германски репрезентативец и фудбалер на Арсенал Месут Озил и неговата избраничка Амина Ѓул.
Свадбата на која присуствуваше и сопругата на турскиот претседател, Емине Ердоган, се одржа во хотелот Four Seasons на Бешикташ, пренесува Анадолија.
Освен Ердоган, кој на младите им посака многу среќа, на свадбата присуствуваа и голем број познати личности од светот на спортот.