Ердоган подгрева тензии со Нов Зеланд: Вашите дедовци дојдоа овде и се вратија во ковчези

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече дека масовното пукање во кое беа убиени 50 луѓе во џамии во Нов Зеланд, е дел од една поширока акција против Турција и се закани на сите кои ќе се обидат да влезат во војна со Истанбул, дека ќе бидат вратени во ковчег.

„Оние на Нов Зеланд, оддалечени 16.500 километри, нѐ тестираат со пораките што ни ги испраќаат. Ова не е дело на поединец, ова е организирано“, рече Ердоган.

Брентон Тарант (28) од Австралија е обвинет за нападот на 16 март врз две џамии, при што уби 50 луѓе во Крајстчерч, Нов Зеланд.

На предизборните митинзи во текот на викендот, Ердоган покажа видеоснимка од нападите што Тарант ја објави на Facebook, поради што наиде на критики од министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, кој рече дека тоа може да ја загрози безбедноста на државјани на Нов еланд во странство.

Ердоган рече дека напаѓачот објавил закани против Турција и против него како претседател и дека сакал да ги протера Турците од северозападниот, европски дел на Турција.

„Ние сме тука веќе 1.000 години и ќе бидеме до Судниот ден“, рече Ердоган на собир по повод годишнината од Битката кај Галиполи од 1915 година, кога војниците на Отоманското царство ги поразиле војските на Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд во обид да го заземат полуостровот.

Ердоган рече дека никој нема да го претвори Истанбул во Костантинопол.

„Вашите дедовци дојдоа овде и се вратија во ковчези. Не се сомневајте, ќе бидете вратени како вашите дедовци“, рече тој.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе