Есенска „генералка“ – брзо, лесно и економично до блескав дом

Есенските денови изминуваат, а со нив секојдневно паѓаат и температурите, па тоа се повеќе не затвора во нашите топли домови каде сакаме удобно да го поминеме времето со филџан чај и некоја добра книга. Но, по летните денови, кога слободното време максимално го користевме да ги фатиме сончевите зраци и да се разладиме покрај вода, сега на домот му треба добра „генералка“.

Есента не’ прави и малку мрзеливи, но желбата за блескав дом во кој ќе ги уживаме студенте денови не поминува, па она што ќе не „спаси“ се практични уреди со кои за само еден ден нашето топло катче ќе стане совршено.

Samsung, следејќи ги постојано желбите и потребите на луѓето и модерниот начин на живеење,  неуморно работи на создавање на производи кои ни заштедуваат средства, енергија и она што скапоцено – време. Па наместо денови поминати во чистење на домот и подготовка за зимските денови, со користењето на овие апарати добиваме време да се опуштиме и да уживаме во совршената глетка создадена од чистината на нашиот дом.

Еден од најважните сегмети за одлична генералка, е беспрекорното чистење на нашите подови, а за тоа е создадена фантастичната Bespoke Jet™ AI стик правосмукалката која има моќност на вшмукување до 280W, максимална моќност на моторот од 720 W и сад за прашина што сам се празни, а со тоа максимално ќе ви го олесни чистењето, а вашиот дом ќе го направи блескав.

Но она што навистина маѓепсува, се нејзиниот дизајн што е креиран да изгледа како стилски дел од ентериерот и иновативното решение за вградена вештачка интелигенција која овозможува анализање и одредување на типот на подот со цел да се оптимизира процесот на вшмукување и да се обезбеди максимална ефикасност на батеријата која има 80% поголем капацитет од претходниот модел. Преку апликацијата SmartThings и Smart Wi-Fi поврзување, лесно се приспособуваат и функциите на овој уред, додека опцијата за паметна самодијагностика е задолжена за одржување на врвните перформанси.

Време е и за менување на постелнините и прекривките, па летните треба да се исперат и складираат и секако сакаме да мирисаат прекрасно до наредното лето, па за тоа ќе се погрижи машинaта за перење и сушење со предно полнење со Ecobubble™ и BESPOKE дизајн со SpaceMax™, со која вашата постелнина ќе сјае, но исто така ќе се погрижи и за да имате чисти и миризливи крпи со кои за миг ќе ја избришете прашината од работните површини. Со иновативната технологија Ecobuble, добивате машина која ќе користи ладна вода и без замерка темелно ќе ги пере вашите алишта. Овозможува да уживате во ефикасно перење, дури и на ниски температури. Ecobubble™ го претвора детергентот во меурчиња и така бргу навлегува во ткаенината и го подобрува отстранувањето на нечистотиите до 24%. Ја намалува потрошувачката на енергија до 70% и ја зачувува бојата и текстурата на облеката со зголемена нега на ткаенините до 45,5 % и сето тоа овозможено за перење со поголем капацитет до 11 кг.  

Remote video URL

Покрај генералката, есента ни буди и други желби, да подготвиме зимница за максимално да уживаме во студените денови, во топол и чист дом и храна на трпезата која ги буди сите наши сетила, па затоа е создадена рерната со еден вентилатор со природна пареа и Bespoke дизајн која ни нуди многу поинтересно искуството во кујната. Со SmartThings Cooking се заштедува време и се намалува заморот од готвењето. Ги разбира нашите потреби и ни препорачува персонализирани рецепти, а создава и неделен план на оброци. Исто така, нуди и упатства за готвење и овозможува лесно купување намирници. Она што е извонредно е што може да се користи целата рерна, а истовремено да се ужива во исклучителната енергетска ефикасност A+ со режимот Eco convention. На тој начин штеди енергија бидејќи троши помалку струја, а сепак ја добиваме практичноста на големиот и флексибилен простор во рерната. И ги намалува штетните емисии на CO2.

Кога станува збор за зимницата и нејзинато скалдирање, Samsung го создаде незаменливиот фрижидер со долен замрзнувач со BESPOKE со кој добиваме  можност да креираме прекрасен модерен и уникатен кујнски простор со приспособлив дизајн. Достапни се шест материјали: сатенско стакло, атрактивно стакло, чисто стакло, теракота метал, вистински не’рѓосувачки и челичен метал. Може да ги комбинираш со разни бои на вратите.  Исто така овој прекрасен фрижидер работи многу тивко и штеди многу енергија. 

Сите знаеме дека не сите намирници се исти и изискуваат различни оптимални температури. Некои треба да се изладат малку подобро од останатите и затоа со овој фрижидер ни се овозможени две температурни зони, а фиоката Humidity Fresh + е тука да ја одржи совршената влажност. Функцијата All Around Cooling ни овозможува рамномерно ладење или едноставно сеопфатен систем на ладење, а за одржување на константна температура и подолга свежина на храната, се грижат стратешки поставени отвори за вентилација.

Инвестирањето во енергетски ефикасни производи не води до ниски сметки за електрична енергија, а со тоа и создавање на долгорочни заштеди. Со производите на Samsung добивате ултра модерен, практичен, блескаво чист дом, а при тоа штедите време, пари и енергија.

Квалитет што се исплати, заштеда што се памети

Сега е одличен момент да го збогатите вашиот дом со извонредни уреди и апарати за домаќинството од производителот Samsung, бидејќи можете да ја искористите промоцијата која трае од 2.10. до 28.10.23 или до истрошување на залихите. Фантастични 25% попуст и гаранција до 5 години за долгорочна сигурност ве очекуваат, доколку сега се одлучите памтно да инвестирате во вашиот дом.

Повеќе информации за производите можете да прочитате на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/vacuum-cleaners/stick/bespoke-jet-ai-black-vs28c9784qk-ge/

https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/washing-machines/ww5000b-led-front-loading-ecobubble-bespoke-design-with-spacemax-hygiene-steam-11kg-white-ww11bba046aele/

https://www.samsung.com/mk/cooking-appliances/ovens/nv7000b-4-series-single-fan-4series-single-fan-nv7b41207as-u3/

https://www.samsung.com/mk/refrigerators/bespoke-refrigerators/rb7300-344l-black-rb34a7b5e22-ef/

https://www.samsung.com/mk/offer/smart-saving-2023/

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Промо

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Read more

Вложениот труд носи сатисфакција

Read more

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more
 

Ново

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе