Есенски деликатес: Сладок леб со тиква

Кога ќе го печете овој сладок леб со тиква, целата куќа ќе замириса на есен, а бидејќи е сочен и превкусен, често ќе го има на вашата трпеза.

Искористете ја сезоната на тиква и направете го овој сладок леб што може да го послужите и како десерт, а во секој случај е деликатес.

Потребни состојки:

2 јајца

50 мл маслиново масло

50 мл мед

100 грама пире од тиква

2 лажици згмечена банана

Кафеав шеќер

Малку сол

2 кафени лажички прашок за печење

Цимет

½ шолја вода

1 шолја овесни снегулки

100 грама бадемово брашно

250 грама сенаменско брашно

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови и ставете го внатре калапот за леб.

Измешајте го пирето од тиква со јајцата, бананата, медот и маслиновото масло.

Додадете ги шеќерот, прашокот за печење, солта, циметот и промешајте.

На смесата додадете ги овесните снегулки, бадемовото и сенаменското брашно.

Ставете ја смесата во калапот за леб и печете околу 40 минути.

По желба, ако сакате повеќе да наликува на колач, откако ќе се олади премачкајте го со шлаг пена и декорирајте со семки од тиква.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Рецепти

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Read more

Традиционално католичко велигденско лепче со суво грозје

Read more

За посни гурмани: Похувана риба во слатко-кисел сос

Read more

Сочно бело месо со црвен грав и кашкавал готово за 20 минути

Read more
 

Магазин

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе
  • play_arrow

Како брзо да проверите дали на вашите растенија им треба вода?

Читај повеќе

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Читај повеќе