Фотомоделот и манекенка со исклучителни облини, Ешли Греам, е ѕвездата на најновата рекламна кампања на брендот за долна облека Addition Elle, каде ја носи најновата колекција дизајнирана од неа за овој бренд.
Моделката ја рекламира колекцијата за есен 2016 на брендот, наречена сосема соодветно „Provocative"“. Фотосесијата ја смести сексапилната Ешли во разголено издание на јавен простор, поточно во и околу метро.
Ова е јубилејна десетта колекција на брендот, за која соработуваат со моделката Ешли Греам.
Според Греам, дизајните се внимателно направени за да може девојките да ја инкорпорираат долната облека во својот аутфит, наместо да ја носат само скриена под облеката.
Колекцијата ќе биде достапна за продажба почнувајќи од наредниот месец.