Еспер потврди: Синот на Осама бин Ладен е мртов

Вашингтон, 23 август 2019 (МИА) – Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска ја потврди смртта на Хамза бин Ладен, еден од синовите на Осама бин Ладен, неговиот наводен наследник на чело на Ал Каеда, за што на крајот на јули јавија американските медиуми.

Во текот на разговорот за американскиот кабелски канал Fox, што беше емитуван во средата вечерта, Еспер ја потврди веста, но не изнесе детали за операцијата во која тој бил убиен.

– Не знам детали. Да ми беа познати ќе ги споделев со вас, рече шефот на Пентагон, кој на оваа позиција дојде на крајот на јули.

Американските медиуми кон крајот на јули соопштија дека Хамза бин Ладен е убиен и дека САД придонеле во операцијата на негова елиминација, но неговата смрт не беше никогаш јавно потврдена.

Хамза бин Ладен го сметаа за најдрагиот син, па и наследникот на Осама бин Ладен, основачот на мрежата која ги изведе нападите од 11 септември 2001 година во Њујорк и врз Пентагон.

Името на овој 30-годишник се наоѓа на американската црна листа на лица обвинети за тероризам, наведуваат тројца американски претставници.

Вашингтон во февруари понуди награда од милион долари за секоја информација која може да придонесе за негово апсење.

Хамза бин Ладен често пати го наведуваа како принцот наследник на џихадот. Некои документи, меѓу кои се и писмата кои агенцијата France-Presse ги откри во 2015 година, потврдуваат дека Осма бин Ладен него го сметал за својот наследник на чело на светскиот џихад против Западот.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе