ЕУ бара целосна либерализација на поштенскиот пазар во земјава

Скопје, 12 јуни 2019 (МИА)  – Агенцијата за пошта повторно ќе препорача целосна либерализација на поштенскиот пазар во државава, што е една од забелешките во Извештајот на ЕК за оваа област, од каде препорачуваат регулаторното тело да продолжи со јакнење на административнте капацитети, а властите да ја почитуваат неговата независност.

„Либерализацијата на пазарот беше одложена во четири наврати. Последното одложување беше со законската измена и важи до 1 јануари 2020 година. Агенцијата за пошти во континуитет ќе остане на ставот дека либерализацијата мора да се случи“, изјави денеска за МИА директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамовска Ѓореска.

Според неа, Македонска пошта се подготвува за претстојниот процес на целосна либерализација.

„Имаме одлична соработка со Македонска пошта и ќе почнеме да работиме на усогласување за измени на Законот за поштенски услуги каде што ќе ги имаме во предвид сите недостатоци и потреби што произлегуваат од секојдневното работење. На добар пат сме да направиме добро и за пазарот и за сите даватели на поштенски услуги“, рече директорката на АП.

Таа потенцираше дека Агенцијата за пошти работи и на забелешките од ЕК за потребата од зајакнување на административните капацитети, како и за усогласување на домашното со законодавството на ЕУ, активности што се спроведуваат преку тековниот твининг проект.

Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, претставувајќи ги предизвиците за поштенскиот сектор во државава од Извештајот на ЕУ потенцираше дека  претстојат уште многу активности за целосно либерализирање на поштенскиот пазар.

„Препораките се дека пазарот треба да биде либерализиран до 1 јануари 2020 година, а тоа е датум што веќе тропа на вратата. Македонска пошта односно назначениот поштенски оператор  за унвиерзална услуга мора да воведе посебно сметководство и пресметување на нето трошоците за воопшто пазарот да биде либерализиран. Истовремено властите мора да ја почитуваат независноста на Агенцијата за пошти и да се зајакнат административните и регулаторните капацитети на ова тело“, изјави Бертолини.

Александар Милошевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори каде членуваат приватни поштенски оператори, се надева дека годинава нема да се одложи либерализацијата за која како што истакнува треба да бидат подготвени и 30-те приватни поштенски оператори кои ќе добијат дополнителна работа.  –  Факт е дека треба да се зголеми капацитетот на Агенцијата за пошти и таа да има поголем број на вработени, како и да се направат одредени измени во Законот за поштенски услуги со кои ќе се зајакне контролата на поштенските оператори, ќе се зајакне користењето на  софтверските решенија кај поштенските оператори и новната повзраност со Агенцијата за пошти, како и за контрола а достава со цел граѓаните да добијат подобра услуга, рече Милошовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Живеејќи во време во кое  он лајн трговијата се зголемува сериозно секаде поштенските оператори како крајна алка во тој синѕир мора да бидат посилни со квалитетна услуга за сите.

Состојбите на поштенскиот пазар се дел од темите на пленарниот состанок на Европскиот комитет за поштенска регулација, што се одржува денеска и утре во Скопје, а чиј домаќин е Агенцијата за пошти.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе