ЕУРО 2016: Гризман ја реши Ирска

Франција избори пласман во четвртфиналето на Европското првенство, на кое е домаќин, откако славеше над Република Ирска со 2-1 (0-1). Херој на францускиот триумф е Антоан Гризман.

Ирците ги шокираа француските навивачи на стадионот во Лион со гол уште во втората минута. Погба го сруши Лонг, а судијата Рицоли покажа на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше Брејди.

До крајот на првиот дел Французите се обидуваа да извршат притисок, да израмнат, но нивната игра на моменти и премногу беше неповрзана.

На почетокот на вториот дел Коман го замени Канте, францускиот селектор Дешам ја смени формацијата во 4-4-2 со што Франција доби физиономија во играта.

Гризман израмни во 58 минута, француските фудбалери долго кружеа околу шеснаесетникот на Ирска, топката потоа дојде на десната страна до Сања, кој центрираше кон Гризман, а напаѓачот на Атлетико од пеналтикот со глава го совлада Рендолф.

Жиру одлично со глава ја спушти топката кон Гризман, кој излезе сам пред Рендолф и го постигна својот втор гол на мечот.

Имаше можност Гризман да го постигне и третиот гол, но во 66 минута Дафи со фаул го спречи да упати удар.

До крајот на мечот Французите се обидуваа да постигнат уште некој гол, Жињак ја погоди гредата, а Рендолф го одбрани ударот на Гризман, но резултатот остана непроменет.

Франција во четвртфиналето против Англија или Исланд ќе биде ослабена, поради жолти картони во тимот ќе ги нема Рами и Канте.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Фудбал

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Read more

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе

Сега почнува спектаклот: Познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот

Читај повеќе

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Читај повеќе
  • filter

Неверојатни сцени на прославата во Леверкузен: Навивачите не издржаа и влетаа пред 90-та

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трик на телохранителот на Меси – запре 3 навивачи на еден натпревар

Читај повеќе