Ракомет

Еурофарм ќе учествува на турнир во Босна и Херцеговина

20. август 2019 - 11:02 | Ф.З.

Од денес па до петок екипата на Еурофарм ќе се натпреварува на турнирот „Добој 2019“ кој се одржува во истоимениот град во Босна и Херцеговина.

Осум екипи поделени во две групи ќе учествуваат на турнирот, а нашиот претставник е во групата А заедно со Бејџинг, Кринс и домаќинот Слога. Првиот натпревар битолчани го играат вечерва од 21 часот против швајцарскиот тим.

Група А
Бејџинг (Кина)
Кринс (Швајцарија)
Еурофарм (Македонија)
Слога (Босна и Херцеговина)

Група Б
Татран (Словачка)
Шартр (Франција)
Извиѓаќ (Босна и Херцеговина)
Војводина (Србија)

Победникот на турнирот ќе инкасира 10 илјади евра, второпласираниот 7.500, додека третиот 5 илјади. Ова е 51-во издание на традиционалниот турнир во Добој.

Коментирај