Евакуација на аеродромот во Ница, војската блокираше терминал

На аеродромот во Ница се одвива евакуација на патниците, пренесува дописникот на агенцијата Associated Press од местото на настанот.

„На патниците им кажаа да излезат од аеродромот во Ница“, јавил дописниот. Според него, еден од терминалите е блокиран од војската.

Причината за евакуацијата е сомнителен куфер, објави американската телевизија Fox News.

Пакет оставен од еден од патниците е причина за евакуацијата на сите патници од зоната каде што се подигнуваат багажите на аеродромот во Ница, објави на Twitter дописникот на канадскиот јавен сервис CBC, кој исто така бил на аеродромот.

Според него, пак, кордонот од аеродромот е веќе отстранет, а пред аеродромската зграда се само луѓето кои не го добиле својот багаж.

Во Ница, како и ширум Франција, покрај највисокото ниво на терористичка закана, се спроведуваат дополнителни безбедносни мерки, по терористичкиот напад во овој јужен приморски град.

Напаѓачот е идентификуван како 31-годишниот Мухамед Лауееџа Булел, по потекло до Тунис, од градот Мсакена, десетина километри од градот Сус, каде што минатата година џихадистите извршија смртоносен напад врз туристи во хотелски комплекс при што беа убиени триесетина странци.

Булел бил оженет и татко на три деца. На француските власти им бил познат по прекршоци и како насилник, но не бил доведуван во поврзаност со радикали. И на туниските власти не им бил познат по радикални и исламистички ставови, изјави во петокот за Reuters извор од туниските безбедносни структури.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе