Евакуацијата на бегалскиот камп кај Идомени се одвива бавно и мирно

„Евакуацијата на импровизираниот камп со имигранти и беглаци кај грчкото место Идомени, во непосредна близна на границата со Македонија, се одвива полека и мирно“, изјави Јоргос Крицис, портпарол на грчката служба за управување со миграциската криза.

„Операцијата започна изутрина во 6 часот и се одвива во бавен ритам и во тишина. Операцијата ќе трае неколку дена. Досега не беше потребно да се употреби сила“, изјави портпаролот за грчката државна телевизија кој вчера тврдеше дека евакуацијата на кампот со околу 8.400 лица би требало да трае најмалку десет дена.

На новинарите не им беше дозволен пристап во кампот. Полицијата го блокираше патот три километри пред локацијата. Емитувани се снимки од четири автобуси кои доаѓаат во логорот за да ги преземат имигрантите.

Најмалку 700, а можеби и до 1.400 полицајци, ќе бидат ангажирани во оваа операција, изјавиле полициски извори за AFP. Четири автобуси со околу 400 имигранти, веќе го напуштиле кампот кај Идомени утрово, додал истиот извор.

Пред започнување на евакуацијата, кампот го надлетуваа полициски хеликоптери, како што е објаснето, за да добијат преглед на ситуацијата и пренесувале директно снимки во полицискиот штаб кој раководи со операцијата, пренесува агенцијата DPA.

Според плановите на грчките власти, имигрантите би требало да се преместат во центар за прифаќање во близина на Солун.

Повеќето од заглавените беглаци одбиваа да се преселат во други капацитети за нивно сместување на грчка територија, а неколкупати се обидоа илегално или насилно да ја минат македонската територија при што имаше и жртви и настрадани.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе