Евакуирани 19.000 луѓе во Канада: Поради пожарот ноќта изгледаше како ден

Макфакс
/ 19.08.2023 / 10:45

Во Канада беснеат пожари, поради што во некои делови од земјата е прогласена вонредна состојба. Премиерот на Британска Колумбија објави вонредна состојба, велејќи дека локалните власти се соочуваат со најлошата сезона на шумски пожари досега, додека илјадници луѓе се евакуирани од градовите источно од Ванкувер.

„Во последните 24 часа ситуацијата брзо се разви и се соочуваме со исклучително предизвикувачка ситуација во наредните денови“, изјави синоќа премиерот на Ванкувер, Дејвид Еби, пишува The Guardian.

Пожарникарите се борат со неконтролираниот шумски пожар во Мекдугал Крик кој изгоре 10.500 хектари шума во ридовите и планините над градот Западен Келоун, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат. Западен Келоун, град со 36.000 жители, се наоѓа на 300 километри источно од Ванкувер.

Евакуации беа извршени и во блискиот Келоун, град со околу 150.000 жители лоциран отаде езерото Оканаган.

Евакуацијата следуваше откако властите посеверно во регионот на северозападните територии соопштија дека се проценува оти повеќе од 19.000 луѓе се евакуирани поради шумските пожари кои му се закануваат на градот Јелоунајф.

Противпожарните екипи работат деноноќно да спречат ширење на пожарот и испуштаат вода од воздух за да го заштитат градот со 20.000 жители. Облачноста и ниските температури вчера го забавија пожарот западно од Јелоунајф, соопштија пожарникарите.

Се проценува дека околу 4.000 луѓе се префрлени со хеликоптер, а денеска се можни повеќе летови доколку временските услови дозволат.

Канада минува низ својата најлоша сезона на шумски пожари досега, со повеќе од 1.000 активни пожари кои горат низ целата земја, вклучително и 236 во северозападните територии. Во пожарите изгореа повеќе од 2 милиона хектари земја, а повеќе од половина од населението во регионот е под наредба за евакуација.

Официјалните лица рекоа дека следните 24 до 48 часа би можеле да бидат најтешките.

URL
Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе