ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

На бензинската станица на „Макпетрол“ во Визбегово од денес е во употреба брз полнач за електрични возила. Овој уред е прв од десетте нови брзи полначи што во партнерство со ЕВН ќе бидат поставени на фреквентни локации ширум Македонија. 

„ЕВН ги направи најраните напори за развојот на електромобилноста во Македонија. Во последните седум години поставивме околу 40 полначи за електрични возила на јавни површини во 17 градови низ земјата. Нашите напори продолжуваат со силен фокус на брзото полнење, како главен предуслов за олеснета мобилност на електричните возила на подолги дестинации. Соработката со „Макпетрол“ ни е многу важна - споделуваме сродни вредности, а преку нивната широко распространета мрежа на пумпи низ државата успеваме да се приближиме поблиску до корисниците“, изјави Волфганг Мајер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Во 2022 година, на бензинската станица на „Макпетрол“ близу граничниот премин „Богородица“ беше поставен полнач за електрични возила, исто така, во соработка со ЕВН. На оваа локација веќе е поставена и фотонапонска централа што произведува електрична енергија од обновливи извори.

„Грижата за животната средина е меѓу стратешките цели на 'Макпетрол' и е вклучена во нашиот годишен план преку 'Зелената агенда'. Во рамки на овие активности, друштвото на различни начини ќе инвестира во заштита на околината. Поставувањето 10 брзи полначи ќе придонесе во развојот на електромобилноста во земјава и ќе нè приближи до модерните форми на транспорт. Особено е значајно што овој проект го реализираме партнерски, заедно со ЕВН. Ваквите соработки се исклучително значајни, ако не и пресудни, за реализирање на зелената иднина на Македонија“, вели Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на „Макпетрол“.

Полначите се со DC конектори од типот CCS со моќност од 150 kW и се наменети за брзо полнење на едно или две електрични возила. Моделот е меѓу најефикасните во својата класа, овозможува брзо и лесно полнење со времетраење од 30-40 минути во зависност од типот на возилото.

ЕВН и „Макпетрол“ својата грижа за животнта околина ја демонстрираат во конкретни инвестиции во доменот на „зелената“ енергија. И двете компании, покрај проектите за електромобилност, поставуваат и фотоволтаични централи за потребите на сопствените објекти. ЕВН ја надградува флотата со електрични возила и инвестира во производство на обновлива енергија, а „Макпетрол“ ќе продолжи да ја проширува мрежата за автоплин и метан (КПГ) преку вложување во малопродажни објекти.

реклама

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Болка во ребрата: Причини, симптоми и кога мора да побарате лекарска помош

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе