Евробарометар: Невработеноста и економијата најголеми проблеми во Северна Македонија

Брисел, 6 август 2019 (МИА) – Довербата на граѓаните на Северна Македонија во ЕУ е 57 % и бележи намалување од шест отсто во однос на есента минатата година. Сепак, 68 % сметаат дека членството во ЕУ би било многу добро за земјата, наспроти 16 проценти кои имаат спротивен став. Дека земјата ќе има корист од зaчленувањето во ЕУ сметаат 72 % од граѓаните.

Ова го покажуваат податоците од стандардното истражување на Евробарометар спроведено по европските избори меѓу 7 јуни и 1 јули 2019 година во сите 28 земји членки на Европската Унија и петте земји кандидати.

Поддршка за прием на нови земји членки даваат 48 отсто од жителите на ЕУ, што е пораст од три проценти во однос на есента 2018 година. Најголема поддршка за проширувањето даваат Шпанците (70%), Полјаците и Литванците (69%), Унгарците (65%) и Словенците (64%). Најмала поддршка за проширувањето на ЕУ има во Холандија (31%), Франција (32%) и Германија(33%). Сепак, во Франција и Германија, во споредба со претходниот извештај, има раст од два отсто на оние кои се за прием на нови членки.

Граѓаните на Северна Македонија како два најголеми проблема со кои се соочува земјата ја посочиле економската ситуација (35%) и невработеноста (30%).

На прашањето колку се задоволни од животот што го водат, 67 проценти од анкетираните во земјава одговориле дека се задоволни, а 33 незадоволни. На прашањето дали очекуваат подобар живот во наредните 12 месеци: 33 % одговориле позитивно, 16 негативно, а 50 % сметаат дека животот ќе им остане ист.

Општата ситуација  во земјата во моментот како добра ја оцениле 47 отсто од испитаниците што е за 10 проценти повеќе во однос на есенскиот Евробарометар. Како лоша, пак, ја оцениле 51 процент или за 11 отсто помалку во споредба со претходното истражување.

Економската состојба како генерално добра ја оценуваат 36 отсто (зголемување од 8%), а како лоша 62 отсто (намалување од 8%).

Подобрување на општата ситуација во земјата во наредните 12 месеци очекуваат 28 отсто, исто толку сметаат дека ќе биде полошо, 40 отсто оти ќе остане иста, а четири отсто не одговориле.

Довербата во Владата е 33 отсто, во Парламентот е 31 отсто, но и кај двете институции има раст од три отсто во однос на резултатите од есенскиот Евробарометар. Доверба во политичките партии, пак, имаат 20 отсто, наспроти 77 отсто кои немаат. На медиумите им веруваат 36 отсто, а не им веруваат 62 отсто од испитаниците.

Истражувањето на Евробарометар е спроведено според методологија „лице во лице“. Во ЕУ биле опфатени  27 464 испитаници, а во Северна Македонија 1 017 во периодот од 12 до 26 јуни годинава.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Македонија

Без вода дел од Карпош

Read more

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Read more

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Read more

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Read more
 

Вести

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Читај повеќе

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Читај повеќе

Тепачка во штипскиот затвор, надвор стигнала и поддршка од 30 лица

Читај повеќе

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје

Читај повеќе