Eвропарламентот ја усвои контроверзната реформа на ЕУ за авторски права, Google реагира

Стразбур, 26 март 2019 (МИА) – По двегодишни честопати вжештени дебати, Европскиот парламент денеска ги усвои новите правила за авторските права, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Европскиот парламент ја усвои директивата за авторски права со 348 гласови „за“ и 274 „против“. Текстот, кој во рок од две години ќе мора да биде пренесен во националното законодавство на сите земји членки на Унијата, ги усогласува правата на интелектуална сопственост на 27-те земји членки.

Но, директивата, исто така, предвидува и воведување на нови обврски, кои се однесуваат многу директно на главните платформи на Интернет. Член 17 (претходно член 13) бара платформите, како ЈуТјуб, да склучуваат договори со носителите на права за кои треба да бидат платени кога корисник ги објавува на платформата за кои тие имаат права.

Без договор, платформата може да биде одговорна за објавување на заштитени дела на нејзината мрежа, што е построго на пример во споредба со сегашната француска законска одредба. За да се избегне оваа зголемена одговорност, платформите се охрабруваат да имплементираат автоматски механизми за откривање и отстранување на содржини. Алатки од овој тип веќе постојат на ЈуТјуб или Фејсбук, но противниците на оваа директива се плашат дека тоа подразбира широко распространето филтрирање на содржини објавени на интернет.

Друга главна точка на расправија изминативе години беше член 15 (поранешен член 11), кој предвидува дека онлајн платформите им плаќаат издавачите на содржините што ги користат. Ова право на наградување, најчесто споменато како „соседско право”, ќе трае две години по објавувањето на статијата. Исклучок, прилично нејасен, е обезбеден од текстот за содржина што не надминува „неколку збора”.

Овие два члена беа предмет на жестоки дебати помеѓу претставниците на носителите на правата и издавачите, кои го бранеа усвојувањето на оваа директива, големите Интерент компании, како и организациите за заштита на дигитални слободи, кои беа против овој предлог.

Google: Реформите на авторските права ќе ја загрозат економијата на Унијата

Компанијата Google која е во сопственост на американскиот конгломерат Alphabet Inc. денеска соопшти дека реформите за авторските права на Европската унија ќе предизвикаат „несигурност“ и ќе нанесат штета на креативните и дигиталните економии на Унијата.

Европскиот парламент денеска ја усвои уредбата за измена на правилата за авторски права стари 20 години, кои ќе го натераат Google да им плати на издавачите и уметниците за онлајн користење на нивните дела.

Европската комисија го почна овој процес пред две години во обид да се заштити европското културно наследство и да се обезбеди издавачите и уметниците да примаат правичен надомест од големите онлајн компании.

реклама

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Read more
 

Вести

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе