Европејците трошат околу 30 милијарди евра годишно на дрога

Брисел, 26 ноември 2019 (МИА) – Во Европската Унија, годишно, околу триесет милијарди евра трошат Европејците за консумација на дрога. На прво место на пазарот е канабисот, со 39 отсто.

Ова е заклучокот на последниот извештај на Европската опсерваторија на дроги и токсикоманија објавен денеска.

Со 30 милијарди евра потрошени годишно, дрогите се еден од главните извори на приход за организираниот криминал, истакнува европската агенција.

На прво место за европските корисници на дроги е канабисот со 39 отсто од пазарот, потоа кокаинот со 31 отсто, хероинот со 25 отсто додека амфетамините и МДМА зафаќаат само пет отсто од овој нелегален пазар.

Дрогите се сѐ подостапни затоа што нивните цени паѓаат бидејќи расте производството, посебно на кокаинот од Јужна Америка и хероинот од Авганистан, додека на европскиот континент во главно се произведува канабис.

Балканската рута, пак, е еден од главните коридори за влезот на хероин во ЕУ.

Триесетте милијарди евра од продажбата на дрога се делат главно помеѓу 1500 криминални организации, нотира извештајот. Овие криминални организации имаат сѐ покомплексни и меѓународни структури, што ја отежнува работата на полицијата. Оваа година три крупни ателјеа на производство на амфетамини беа неутрализирани во Белгија и Холандија.

Криминалните групи кои се занимаваат со производство на дрога се сѐ понасилни, се вели во извештајот, и сѐ повеќе работат на корумпирање на јавните и приватните чинители за да се инфилтрираат во легалната економија.

Друга причина за растот на производството и потрошувачката на дроги се новите технологии и користењето на интернет за продажба, забележува извештајот.

-Групите на организиран криминал брзо ги зграпчуваат новите прилики за финансиски профит и сѐ повеќе ги експлоатираат технолошките и логистичките иновации за да ги прошират своите активности меѓународно. Истовремено, дрогите се подостапни за европските потрошувачи, често преку социјалните медиуми и интернет. Овој извештај е доказ уште еднаш дека нелегалниот пазар на дроги останува закана за здравјето и безбедноста на нашите граѓани, истакна комесарот за внатрешни работи на ЕУ, Димитроис Аврамопулос. 

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Свет

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Read more

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Read more

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Read more

Г7 подготвува мерки против Иран

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Читај повеќе

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе