Европска земја која е шампион во борбата против корoната

Дали Финците подобро се справуваат со пандемијата на новиот коронавирус затоа што се недруштвени или затоа што имаат силна социјална држава, прашува Deutsche Welle, наведувајќи дека степенот на зараза со COVID-19 во таа земја е најнизок во Европа.

Финска, земја со помалку од 6 милиони жители, е една од земјите кои најдобро излегоа со пандемијата. Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс од 22 ноември, ниту во една друга европска земја степенот на зараза не е толку низок.

Од почетокот на годината во Финска се регистрирани 21. 216 заразени и 375 починати. Кога почна да расте бројот на заразени, Владата реагираше брзо и земјата се најде во двомесечен локдаун. Патувањата во блиските региони беа забранети. Затворени беа училиштата и другите установи, а потоа и рестораните.

„Финска многу брзо и опсежно го запре јавниот живот, две недели порано од соседните Норвешка и Данска, Шведска да не ја спомнуваме“, вели Мика Салминен, директор на финската Здравствена служба THL.

Финска инсистира на брзо следење на контактот на заразените, на оние кои имале контакт со луѓе позитивни на вирусот. Здравствените служби добија поддршка со апликација на смартфон која ја има секој втор Финец. Во Финска владее голема доверба во Владата. Дури и локдаунот мина без противење. Според анкета спроведена од Европскиот парламент, 73 проценти од луѓето изјавиле дека добро се носат со рестрикциите.

 

Луѓето работат од дома, децата учат онлајн настава, земјата е прилично дигитализирана. Според анкетата, 23 проценти од Финците изјавиле дека за време на локдаунот на пролет, животот им се подобрил.

„Ние не сме нешто особено друштвени и сакаме да бидеме сами“, вели социјалниот психолог Нели Ханконен од Универзитетот во Хелсинки.

Исто така, одредена улога би можело да има и зоната на личен комфор, односно колку би сакале да се приближите на друга личност.

„Можеби зоната на личен комфор кај Финците е нешто поголема отколку во другите европски земји“, вели Салминен. „Ние се држиме на оддалеченост од метар од другите луѓе, во спротивно не се чувствуваме добро“, вели тој.

Тагови
реклама

Откриен нов вид „екстремно агресивна“ змија

Read more

Голем неделен хороскоп од 17 до 23 јуни

Read more

3 симптоми на висок холестерол кои можат да се забележат на телото без тестирање

Read more

Рецепт на денот: Пилешко „а ла Тоскана“

Read more

Живот

Кои се најпопуларните имиња во светот?

Read more

Марс влезе во Бик: Промена на работа, продавање недвижнини

Read more

Голем неделен хороскоп од 17 до 23 јуни

Read more

Внимавајте: Отровната риба змеј може да се сретне во Грција, Хрватска, Црна Гора и во Албанија

Read more
 

Магазин

Кои се најпопуларните имиња во светот?

Читај повеќе

Марс влезе во Бик: Промена на работа, продавање недвижнини

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најчудната мачка во светот: Личи на врколак и е многу интелигентна

Читај повеќе

3 симптоми на висок холестерол кои можат да се забележат на телото без тестирање

Читај повеќе

4 знаци на рак на дебелото црево на кои треба да внимавате

Читај повеќе

Три работи што апсолутно ви се потребни ако сакате успешна врска

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Пилешко „а ла Тоскана“

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 17 до 23 јуни

Читај повеќе

Внимавајте: Отровната риба змеј може да се сретне во Грција, Хрватска, Црна Гора и во Албанија

Читај повеќе