Еврото беше воведено пред 22 години, но 12,2 милијарди германски марки сѐ уште се во оптек

Речиси 22 години по воведувањето на еврото, во оптек сѐ уште се 12,2 милијарди германски марки кои граѓаните не ги замениле за евро, објави Централната банка на Германија.

„На крајот на ноември во оптек сè уште имаше 12,2 милијарди монети и банкноти од германски марки, односно 6,24 милијарди евра“, изјави директорот на германската централна банка Буркхард Балц во интервју за агенцијата DPA.

Тој рече дека само годинава за евра се заменети 53 милиони марки. „Сметаме на тоа дека и следната година ќе има масовна размена на марки во евра. Зачуден сум од фактот што и во третата деценија по воведувањето на еврото, колку многу марки се уште не го пронашле својот пат до Централната банка“, рече Балц.

Тој смета дека одредено количество марки никогаш нема да се заменат за евра бидејќи ќе останат во збирките на нумизматичарите. Во оптек сè уште има банкноти во вредност од 5,7 милијарди марки и монети во вредност од 6,6 милијарди марки.

Балц смета дека голем дел од марките кои се уште не се вратени во Централната банка на Германија се наоѓаат во странство.

„Германската марка сè уште е најпосакувана резервна валута ширум светот“, рече Балц. Досегашните истражувања покажаа дека многу германски марки се наоѓаат во земјите од каде најмногу доаѓаат странски работници во Германија, како Турција и земјите од поранешна Југославија.

Германија е една од шесте земји на Европската унија каде што нема временско ограничување за размена на старата валута за евро.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе