Еврото какво што го знаеме наскоро заминува во историјата

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, побара од 19 експерти од членките на Еврозоната, по еден од секоја земја, до 2024 година да изберат нов дизајн на банкнотите на еврото.

Новиот дизајн ќе биде изработен од панел советници составен од експерти од многу области - од уметници и дизајнери до физичари и археолози, а банкнотите ќе го променат својот изглед за да станат подостапни за Европејците од сите возрасти и култури, пренесува британски The Telegraph.

Откако панелот ќе осмисли нови визуелни решенија, ЕЦБ ќе ги стави на јавна дискусија. Следува конкурс, по што ќе се одржат дополнителни консултации, а конечната одлука за изгледот на новите евро банкноти ќе ја донесе Управниот совет на ЕЦБ, органот кој вообичаено носи одлуки за каматните стапки и слични прашања.

Банкнотите нема да бидат укинати

Одлуката за редизајнот доаѓа откако одлуката на ЕЦБ за можноста за имплементација на новото дигитално евро загрижи многумина и потенцијално сигнализираше смрт на физичките пари.

Лагард нагласи дека банкнотите нема да бидат укинати.

„Банкнотите остануваат. Тие се тактилен и видлив симбол на заедничка Европа, особено во време на криза, и сѐ уште се многу барани. После 20 години, време е да го ревидираме изгледот на нашите банкноти со цел да ги направиме подостапни за Европејците од сите возрасти и култури“, рече Лагард.

Во моментов во оптек се 27,6 милијарди банкноти евра во вредност од над 1,5 билиони евра.

Најмногу се банкноти од 50 евра, од кои 13,4 милијарди, потоа следат банкнотите од 20 евра, од кои 4,5 милијарди. Банкнотата од 100 евра има 2 милијарди, а исто толку банкноти од 10 и 5 евра. Банкнотите од 200 и 500 се поретки и од секоја има по 1 милијарда.

Централните банки на земјите од Еврозоната престанаа да издаваат банкноти од 500 евра во 2019 година, бидејќи постоеше страв дека криминалците ќе ги искористат за ефикасно пренесување на големи количини готовина.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе