ФАА: Поради автопилотите, пилотите заборавиле да управуваат со авионите

Вашингтон, 8 октомври 2019 (МИА) – Федералната воздухопловна администрација на САД (ФАА), заклучи дека таканаречените автопилоти, автоматски системи за управување со патнички авиони, придонеле кон намалување на практиките и навиките на пилотите, а со тоа и деградација на нивните вештини на уравување со леталата.

– Зголемената употреба на автопилоти можеби ја подобри општата безбедност, но тоа придонесе намалени вештини во контролата на летачките патеки со рачна контрола на летот, се вели во извештај на управата објавен неодамна.

Според ФАА, од 2009 до 2016 година 96 отсто од причините на сите воздуши инциденти се грешки на пилотите за време на мануелно пилотирање.

Се истакнува дека во оваа статистика не се вклучени ненадејните катастрофи, како расипана конструкција или терористички напад.

– Кога автоматиката прекинува со работа како што е предвидено, пилотите без доволно искуство со рачно управување на авионот и без потребна подготовка можат да се збунат и да покажат недоволно подготвеност за да ја обноват контролата над авионот, се вели во извештајот.

Од ФАА, исто така, истакнаа дека авиокомпаниите имаат различни тренинг програми за подготовка и многу пилоти не ја поминуваат потребната обука.

Администрацијата ги повика авиокомпаниите во сите земји да воведат обврзна обука на пилоти со поминување на низа маневри на целосни авиосимулатори, како полетување и спуштање на авионот, лет на мали растојанија, обнова на положбата на авионот по слетување со отскоци, обновување на стабилноста по непредвидено отстранување или обнова на положбата на авионот во воздух, или пак обнова по нагло губење на висината.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе