Facebook вчеравечер ги блокираше профилите на две италијански неофашистички групи поради ширење говор на омраза.
Групите „Casapound“ и „Forza Nuova“ кои заговараат екстремно десничарка идеологија започнале да водат антимигрантски кампањи на своите профили, пренесува Reuters.
„Луѓе и организации кои шират омраза или напаѓаат други луѓе, немаат место на Facebook и Instagram“, изјавиле од Facebook.
Групата „Casapound“ имала 250.000 членови.
Преводникот на групата „Forza Nuova“, Роберто Фиоре, изјави дека на оваа мерка ќе одговори со протести на улица.