Интернет

Facebook ги открива тајните: Каква содржина гледате и како работи алгоритамот?

1. април 2019 - 17:16 | К.З.

Благодарение на новата опција на Facebook која ќе се појави од 2 мај оваа година, корисниците ќе имаат можност да дознаат како работи алгоритамот кој одлучува каква содржина ќе понуди на сечиј тајмлајн.

За потребите на новата опција, Facebook ќе добие ново поле наречено „Why I’m seeing this post“ („Зошто ја гледам оваа објава?“), а со кликнување на него ќе можете да дознаете како Facebook одбира која содржина да ви ја понуди.

Facebook, Twitter, YouTube и останатите социјални мрежи и алатки често се мета на критики поради начинот на користење и имплементирање на алгоритамот за препорака на содржини кои сметаат дека ќе бидат атрактивни или корисни за сопственикот на профилот. Од Facebook и BBC најавуваат дека новата опција ќе биде достапна од 2 мај и веќе нема да има потреба да се прашувате како одредена објава завршила на вашиот тајмлајн.

Новото поле ќе се наоѓа во опаѓачкото мени во горниот десен агол. Едно од понудените објаснувања во полето гласи: „Објавите со фотографии ги коментирате почесто отколку објавите со било која друга мултимедијална содржина“. Со оваа опција ќе научите како и зошто Facebook ви нуди одредена содржина, но ќе знаете и како да го контролирате тоа.

„Овие измени се само дел од процесот во кој сакаме на луѓето да им дадеме повеќе контрола над нивниот Facebook профил“, соопшти компанијата на сопствениот блог.

Коментирај