Facebook на корисниците на Android ќе им го олесни логирањето на другите апликации што ги имаат во својот смартфон, без потребата да чекаат SMS со лозинката. Преку својот систем Account Kit, мрежата ќе ја додаде опцијата „Instant Verification“ што ќе им овоможи на корисниците да се логираат на други апликации само со внесување на својот телефонски број.
Опцијата не бара внесување на лозинката што сте ја добиле преку SMS ако преку телефонот сте пријавени на својот Facebook профил. Од компанијата објаснуваат дека е доволно да се внесе бројот од телефонот што е наведен на профилот на корисникот и ако се поклопуваат податоците, корисникот ќе може да се логира на аликацијата.
Оваа опција, ќе биде достапна само за корисниците на Android.