Интернет

Facebook од денеска почнува да го крие бројот на лајкови на објавите

27. септември 2019 - 10:10 | А.С.

Откако мерката првично беше најавена за на Instagram, и Facebook од денеска почнува со криење на лајковите на објавите, прво во Австралија, а потоа и во други земји.

Сопствениците на корисничките профили и понатаму ќе имаат увид во бројот на лајкови и реакции на објавите, но не и нивните пријатели и следачи.

Целта на ограничувањето на видливоста на бројот на лајкови е да се направи Facebook мрежа на која веќе нема да биде важно кој има повеќе лајкови, односно кој е попопуларен.

Facebook веќе почна да ја тестира оваа опција кај корисници на Android уреди. Првите тестови беа спроведени во април во Канада, а до јули тетсирањето беше проширено во уште шест земји.

„Спроведуваме ограничени тестирања во кои лајковите и реакциите на објавите се приватна информација за корисникот на профилот. Сакаме да видиме какви се реакциите на короисниците за да сфатиме дали оваа промена ќе го подобри нивното искуство во користењето на социјалната мрежа“, соопшти портпаролот на Facebook.

Крајната цел на Facebook е луѓето да се чувствуваат удобно кога ги изразуваат своите ставови и мислења на социјалната мрежа.

Коментирај