Вести

Facebook: Политичарите може да ги кршат правилата за објавување

25. септември 2019 - 14:31 | М.С.

Facebook вели дека политичарите не мора да ги следат вообичаените правила за објавување на постови, освен ако не станува збор за маркетинг оглас.

Најголемата социјална мрежа денеска појасни за правилата за содржини кои ги објавуваат политичарите, велејќи дека „не е задача на Facebook да интервенира за говорот на политичарите“.

Од Facebook велат дека можат да ги отстранат објавите на политичарите чијашто содржина поттикнува насилство и говор на омраза.

Слична политика има и Twitter, а таа се темели на претходните правила на Facebook за вестите и проверка на информации. Меѓутоа, Facebook нагласува дека сака да остане подалеку од политиката, особено пред претседателските избори во САД во 2020.

„Ако некој изјави или сподели објава која ги крши нашите стандарди во некоја заедница и понатаму ќе го задржиме на нашата платформа ако веруваме дека е од јавен интерес да се види тој пост. Отсега, говорот на политичарите ќе го третираме како содржина која е информативна и која треба да се види и чуе“, рече Ник Клег, одоговорен на Одделот за комуникации на Facebook.

Facebook ќе дозволи бришење на упатени директни закани кон определена личност, за да го заштити неговиот политички идентитет и углед.

Клег истакна дека сите вработени на Facebook ја пропагираат слободата на говорот и го штитат во случај некој да им го наруши тоа право.

Како велат тие, цензурата или „гушењето“ на политичкиот дискурс е во спротивност со политиката на Facebook.

Коментирај