Facebook веќе не е популарен, Закерберг изгуби над 70 милијарди долари

Лошите деловни потези, контроверзните одлуки, слабиот пробив на Metaverse и скандалите предизвикаа опаѓање на богатството на Закерберг за цели 55%.

Проценките покажуваат дека нето вредноста на извршниот директор на Meta, Марк Закерберг, паднала за 70 милијарди долари досега оваа година, што го става далеку од првите 10 најбогати луѓе во светот.

Закерберг сега е 20-та најбогата личност на планетата.

Индексот на милијардери на Bloomberg на почетокот на годината го процени личното богатство на Закереберг на над 125 милијарди долари, но на крајот на септември оваа проценка беше намалена за дури 55% - на околу 55,3 милијарди долари (Forbes го проценува неговото богатство на околу 53,4 милијарди долари).

Компанијата Meta која ги поседува Instagram, Facebook, WhatsApp, Oculus, Messenger и други, како и големите инвестиции на претходната компанија Facebook во текот на минатата година, не вродија со плод и Metaverse засега не ги дава очекуваните резултати. Исто така, големиот пад на популарноста на платформата Facebook доведе до повлекување на дел од инвеститорите и одлив на заработка, што се одрази и на личното богатство на Закерберг.

URL

Како Закерберг изгуби 70 милилјарди долари?

Meta се соочи и со остри критики од корисниците, експертите и индивидуални инвеститори и соработници откако беа откриени доверливи документи за тоа дека високиот менаџмент знаел за проблемите што ги создава Instragram кај помладите луѓе и не презел ништо за тоа, но напротив ги искористил тие знаења за понатамошно земање пари.

Поради сето ова, нето приходот на компанијата Meta падна за 36% во однос на истиот период во 2021 година, односно за повеќе од три милијарди долари.

Со инвестиција од 10 милијарди долари во Metaverse само во текот на 2021 година и вработување до 10.000 луѓе кои го развиваат, а без значително влијание, односно заработка, резултатите се такви какви што се и тоа има значително влијание врз богатството на прв човек на сите овие компании, кој активно управува со сите нив.

Компанијата Meta, вклучително и сите компании под неа, ја забавила вработеноста најмалку до крајот на 2022 година, а како што дознава Reuters, обемот на вработувања на инженери е намален за една третина, додека во другите сектори бројката е поголема.

Bloomberg проценува дека најбогат човек на планетата и понатаму е Илон Маск, чие лично богатство е околу 270 милијарди долари.

Бил Гејтс, Џеф Безос, Бернард Арно и Гаутам Адани сè уште се меѓу најбогатите луѓе во светот.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Бизнис

Волстрит достигна рекордни нивоа

Read more

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе