Facebook започнува партнерство со Httpool за поддршка на локалните бизниси во Балканскиот регион

Facebook и Httpool со задоволство го најавуваат стратешкото партнерство во Балканскиот регион. Httpool стана официјален партнер за препродажба на Facebook на Балканот, вклучувајќи ги Бугарија, Хрватска, Србија и Словенија. Facebook ја препознава можноста ова долгорочно партнерство да им користи на локалните агенции и огласувачи, за тие да допрат до побројни публики и да остварат значајна комуникација со корисниците, со што ќе се подобри потенцијалот на локалните бизниси.

Httpool, како официјален партнер за продажба на огласи на Фејсбук, ќе обезбеди поддршка, знаење и стручни информации за локалните бизниси и ќе им помогне со маркетинг стратегиите преку Facebook, Instagram, Facebook Messenger и Whatsapp. Целта на соработката е да се обезбеди директна поддршка за огласувачите во дадена земја на Балканот, преку партнер со силна позиција, стручност и докажано искуство во регионот.

Нашата програма за препродавачи ја дизајниравме така што ќе ги доближиме сите наши знаења и стручност до огласувачите во балканските земји, каде што Facebook нема физичко присуство. Денес со задоволство најавуваме дека одиме чекор понатаму и додаваме уште поголема вредност на бизнисите во регионот - изјави Роберт Беднарски, Директор за Централна и Источна Европа, Facebook.

Ова партнерство е уште еден доказ за водечката позиција и успешното работење на Httpool во регионот. Задоволство ни е што ќе му помогнеме на Facebook во воведувањето најнови рекламни решенија во регионот и на различни брендови и агенции ќе им обезбедиме директна поддршка на највисоко извршно ниво - вели Аљоша Јенко, Основач и Извршен директор на Httpool.

Со ова партнерство ќе се воведат најдобрите практики на Facebook како и обука, техники за развој на стратегија и можност за локално плаќање во регионот, со помош на експертските процеси за огласување на Httpool. Дополнителни предности за агенциите ќе бидат тимските обуки, директната наплата како и директната поддршка за прашања поврзани со огласувачките политики.

Огласувачите во регионот користат Facebook и Instagram за да се поврзат со нивната публика на значајни начини. Благодарение на стратешкото партнерство со Httpool, ќе обезбедиме поголема поддршка со посебно дизајнирани обуки и поддршка од експерти - нагласува Рустам Зиганшин, Партнер за препродажба за ЦИЕ регионот во Facebook.

За повеќе информации за ова стратешко партнерство, ве молиме обратете ни се на: press@httpool.com

За Httpool

Како подружница на Internet Media Services (IMS), Httpool е водечката меѓународна огласувачка мрежа на повеќе канали која нуди најширока палета на интернет огласувачки производи и решенија низ Display, Video, Engagement, Social и Performance каналите. Httpool ги користи најнапредните сопствени и лиценцирани технологии, има долгогодишно меѓународно искуство и заеднички со IMS ги застапува Twitter, LinkedIn, Spotify и други избрани глобални и локални медиуми на пазарите, вклучувајќи ги Австрија, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Естонија, Грција, Хонгконг, Унгарија, Индија, Индонезија, Летонија, Литванија, Македонија, Малезија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Швајцарија и Украина. За повеќе информации, посетете ја страницата: http://www.httpool.com.

За Facebook

Facebook e oснован во 2004 година, а неговата мисија е да им даде на луѓето моќ за градење на заедници и за зближување на светот. Луѓето користат Facebook за да останат во контакт со пријателите и со семејствата, да дознаат што се случува во светот и да ги споделат и изразат нештата кои ним им се важни. Facebook е трговската марка на Facebook, Inc.

*Промотивен текст

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе