УС ОПЕН 2023

Фантастичниот Алкарас го декласираше Зверев и се пласираше во полуфиналето на УС опен

По 2 часа и 24 минути, шпанскиот тенисер Карлос Алкарас убедливо со 3:0 во сетови го совлада германскиот ас Александер Зверев и се пласираше во полуфиналето на УС опен.

Почетокот на мечот донесе сигурна и многу добра игра на двајцата тенисери на свој сервис, а така беше с до осмиот гем, кога Алкарас направи брејк при водство од 4:3, дојде до водство од 5:3 и откако одбрани гем на свој сервис, поведе со 1:0 во сетови.

Во вториот сет Алкарас беше уште поубедлив и освен што не му дозволи на Зверев да одземе ниту еден гем на негов сервис, направи два брејка и поведе со 6:2 со водство од 2:0 во сетови.

И ништо не се смени ниту во третиот сет, Алкарас беше одличен во сервисот, а потоа во деветтиот гем направи брејк, поведе со 5:4 и откако го одбрани сервисот, дојде до победата.

URL

На крајот Зверев на Алкарас му посака да го освои УС опен: „Со среќа. Да го освоиш“.

URL

Алкарас за место во финалето ќе игра против Русинот Даниил Медведев, против кого има скор 2:1 и кого годинава дватапати го совлада. Еднаш беше во финалето на Индијан Велс, а вторпат во полуфиналето на Вимблдон. Медведев синоќа го елиминираше сонародникот Андреј Рубљов со 3:0 (6:4, 6:3, 6:4).

Remote video URL

Во другото полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и домашниот тенисер Бен Шелтон.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Тенис

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Read more

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Read more

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Read more

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе