Тенис

Фантастично финале во Доха, Ѓоковиќ го победи Мареј

8. јануари 2017 - 9:45 | Макфакс

Новак Ѓоковиќ го победи Енди Мареј 6:3, 5:7, 6:4, ја одбрани титулата на турнирот во Доха и му го нанесе првиот пораз на Мареј по низата од 28 победи.

Иако се работи за почеток на годината двајцата најдобри тенисери во светот одигра фантастичен меч, кој по речиси три часа голема борба му припадна на Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер против светскиот број 1 сега води со 25:11 во меѓусебните дуели. Мареј го забележа првиот пораз по серијата од 28 победи и пет освоени титули, вклучувајќи ја и онаа на завршниот Мастерс по која го презеде првото место на АТП листата.

Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6:3, откако успеа да направи брејк во шестиот гем. Моментумот од првиот, Ѓоковиќ го пренесе и во вториот сет, направи брејк во седмиот гем, а при резултат 5:4 сервираше за побеа. Гемот кој траеше речиси 14 минути го освои Мареј, иако српскиот играч не искористи три меч топки.

Мареј израмни на 5:5 и продолжи со добрата игра добивајќи ги и наредните два гема за 5:5 и израмнување во сетови 1:1.

Мареј подобро играше до шестиот гем во третиот сет, но не успеа тоа да го материјализира, во шестиот гем не искористи брејк топка, Ѓоковиќ успеа да се извлече, да израмни на 3:3, а потоа во наредниот гем без загубен поен му го одзеде сервисот на противникот.

До крајот двајцата ги добија своите сервис гемови и Ѓоковиќ ја освои 67-та титула во кариерата и чек на 209 илјади долари.

Мареј, иако загуби во финалето, ќе ја зголеми предноста на врвот за 150 бодови колку што освои за учество во финалето, бидејќи тој минатата година не играше во Доха. 

Коментирај