Концепти

Faraday Future: Новиот конкурент на Tesla Motors

23. јуни 2016 - 15:52 | Д.П.

Faraday Future наскоро ќе стартува со тестовите на прототипот на својот електричен автомобил без возачи и тоа на калифорниските патишта, а ваквата одлука следува откако компанијата доби дозвола од државата за вакво возење.

Стартап компанијата со седиште во Лос Анџелес, има поддршка од инвеститори од Кина, а планира да стартува производство и продажба на електрични возила следната година, но детали за автомобилот без возач се уште не се откриваат.

Претставникот на калифорниското Министерство за моторни возила потврди дека Faraday доби дозвола за тестирање на улиците.

Оваа компанија е една од неколку стартапи што ги финансираат Кинези и кои претставуваат конкуренција за Tesla Motors во сегментот на премиум електрични возила.

Џен Бекер, директорот за автоматизирано возење во технолошкиот центар Faraday во Сан Хозе, вели дека нивната цел е да создадат возила кои се уметничко дело меѓу системите за асистенција во возењето.

Калифорнија досега има издадено дозволи на 13 компании за тестирање автономни возила на јавни патишта, а меѓу компаниите се Google, Tesla, Volkswagen, Mercedes Benz, Nissan, BMW, Honda и Ford.

 

Коментирај