Перуанскиот репрезентативец Џеферсон Фарфан е многу блиску до постигнување договор за трансфер во Севилја. Фарфан го раскина договорот со Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати, каде мина две години.
Севилја и нејзиниот тренер Хорхе Сампаоли имаат сериозна намера да го засилат нападот со искусниот Џеферсон Фарфан. Перуанецот може да игра на неколку позиции во нападот, а Сампаоли смета дека одлично ќе се надополнува со двајцата напаѓачи Лусиано Вијето и Визам Бен Једер.
Според шпанските медиуми единствено финансиските барања на фудбалерот засега се кочница во потпишувањето на договорот. Фарфан бара годишна плата од 3,5 милиони евра.
Фарфан пред да се пресели во Ал Џазира настапуваше во Бунсдеслигата во дресот на Шалке.