Фатени се двајца малолетници, на возраст од 15 и 16 години, кои краделе мотори во скопската населба Аеродром.
Од 20 април до 6 јуни извршиле вкупно 15 кривични дела и тоа една ,,тешка кражба“, шест кривични дела ,,одземање моторно возило“ и осум кривични дела ,,кражби“, стекнувајќи се со противправна имотна корист во висина од околу 343.000 денари.
Поднесени се кривични пријави и против пет други лица кои ги купувале украдените мотори за пониски цени иако знаеле дека се крадени.
Најчесто краделе во ноќните часови, го сечеле бројчаникот, потоа ги спојувале жиците, го возеле моторот, а кога ќе снемало бензин го оставале или ги продавале по пониски цени.