Тенис

Федерер ќе игра на Олимписките игри следната година

14. октомври 2019 - 17:28 | МИА

Токио, 14 октомври 2019 (МИА) – Роџер Федерер откри дека планира да учествува на олимпискиот турнир во Токио следната година.

Федерер играше демонстративен натпревар против Џон Изнер во главниот град на Јапонија, и на Јапонците им порача дека ќе се видат и следната година, на Летните олимписки игри.

– Со мојот тим веќе неколку недели размислувавме на оваа тема. Требаше да се одлучи што да правам во периодот по Вимблдон, а пред УС Опен. Моето срце избра да играм на олимпискиот турнир, вели Федерер.

Златен медал од ЛОИ е единствениот кој недостасува во колекцијата трофеи на Федерер. Во 2004 година тој на ЛОИ ја запозна неговата сопруга, во 2008 освои злато во двојки со Вавринка, во Лондон 2012 загуби во финалето, а не настапи во Рио 2016. 

Коментирај