Федерер не размислува за крај, ги објави своите цели до крајот на сезоната

Женева, 8 февруари 2019 (МИА) – Роџер Федерер е мотивиран и насочен кон деветтата титула на „Вимблдон“. Ова го изјави носителот на 20 Гренд слем титули на официјалното претставување на третото издание на „Лејвер Купот“ во Женева. 37-годишниот тенисер за последно учествуваше на Австралија Опен, каде не успеа да ја одбрани титулата од последните две изданија на турнирот и отпадна во осминафиналето од грчкиот талент Стефанос Циципас во четири сета.

Швајцарскиот маестро меѓутоа, категорично ги негираше гласините дека ова е крајот на неговата кариера и ги објави своите цели до крајот на сезоната.

„’Вимблдон’ е мојата најголема цел, како и турнирите во Дубаи, Индијан Велс и Мајами пред тоа. Навистина би сакал да ја започнам силно новата сезона, тоа ќе ми помогне пред кампањата на земја. Се разбира, освен ‘Вимблдон’, ќе целам на максимално добри перформанси и на ‘Ју-Ес опен’, ‘Лејвер Купот’ и завршниот ‘Мастерс’ на осумте најдобри во Лондон“, започна Федерер.

Ѕвездата на светскиот тенис изјави дека ништо за него не се променило по поразот од Циципас и тој продолжува да бара победи над најголемите ривали во текот на годините – Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

„Кариерата ми продолжува … Мотивиран сум, се чувствувам добро и гледам напред кон иднината. Главната цел е да одржувам ниво на игра, што ќе ми помогне да се борам против Рафа и Новак и додека тоа е можно, ќе продолжам да се борам за титули“, додаде тој.

Ѓоковиќ, кој го надигра категорично Надал во финалето во Мелбурн, е на врвот на светската листа пред Шпанецот, додека Федерер падна до шестата позиција во рангирањето.

„За мене, првото место на 37-годишна возраст не е главен приоритет“, рече Швајцарецот.

На третото издание на „Лејвер Купот“, што ќе се одржи помеѓу 20-22 септември, Бјорн Борг е капитен на тимот на Европа, додека Џон Мекинро го води тимот на САД. Федерер се надева дека неговиот сонародник Стен Вавринка ќе учествува во турнирот.

„Ние заедно ја освоивме олимписката титула во 2008 во Пекинг. Со малку среќа, ние повторно може да играме заедно во Женева“, заврши Федерер.Федерер не размислува за крај, ги објави своите цели до крајот на сезоната

Женева, 8 февруари 2019 (МИА) – Роџер Федерер е мотивиран и насочен кон деветтата титула на „Вимблдон“. Ова го изјави носителот на 20 Гренд слем титули на официјалното претставување на третото издание на „Лејвер Купот“ во Женева. 37-годишниот тенисер за последно учествуваше на Австралија Опен, каде не успеа да ја одбрани титулата од последните две изданија на турнирот и отпадна во осминафиналето од грчкиот талент Стефанос Циципас во четири сета.

Швајцарскиот маестро меѓутоа, категорично ги негираше гласините дека ова е крајот на неговата кариера и ги објави своите цели до крајот на сезоната.

„’Вимблдон’ е мојата најголема цел, како и турнирите во Дубаи, Индијан Велс и Мајами пред тоа. Навистина би сакал да ја започнам силно новата сезона, тоа ќе ми помогне пред кампањата на земја. Се разбира, освен ‘Вимблдон’, ќе целам на максимално добри перформанси и на ‘Ју-Ес опен’, ‘Лејвер Купот’ и завршниот ‘Мастерс’ на осумте најдобри во Лондон“, започна Федерер.

Ѕвездата на светскиот тенис изјави дека ништо за него не се променило по поразот од Циципас и тој продолжува да бара победи над најголемите ривали во текот на годините – Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

„Кариерата ми продолжува … Мотивиран сум, се чувствувам добро и гледам напред кон иднината. Главната цел е да одржувам ниво на игра, што ќе ми помогне да се борам против Рафа и Новак и додека тоа е можно, ќе продолжам да се борам за титули“, додаде тој.

Ѓоковиќ, кој го надигра категорично Надал во финалето во Мелбурн, е на врвот на светската листа пред Шпанецот, додека Федерер падна до шестата позиција во рангирањето.

„За мене, првото место на 37-годишна возраст не е главен приоритет“, рече Швајцарецот.

На третото издание на „Лејвер Купот“, што ќе се одржи помеѓу 20-22 септември, Бјорн Борг е капитен на тимот на Европа, додека Џон Мекинро го води тимот на САД. Федерер се надева дека неговиот сонародник Стен Вавринка ќе учествува во турнирот.

„Ние заедно ја освоивме олимписката титула во 2008 во Пекинг. Со малку среќа, ние повторно може да играме заедно во Женева“, заврши Федерер.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе