Тенис

Федерер: Плачев по поразот од Ѓоковиќ

20. септември 2019 - 13:13 | А.С.

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер повторно го коментираше финалето со Новак Ѓоковиќ на годинашниот Вимблдон.

Во разговор за La Gazzetta dello Sport тој зборуваше на многу теми, а го спомна и моментот кога доживеал емотивен колапс.

„Кога плачев последен пат? Пред два месеци, на Вимблдон. На теренот успеав да ги запрам солзите, но кога седнав во соблекувалната се распаднав. Пуштив по некоја солза“, рече Федерер.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња откри и како ги прославува победите.

„Сакам да прославам со чаша шампањ. Еднаш се опив. Тоа се случи кога го освоив УС Опен. Ми требаа три дена за да се опоравам. Турнирот заврши во неделата вечерта, а јас се кренав на нозе дури во четвртокот. Се сеќавам дека барот затвораше, а ние нарачавме повеќе пијачки, да имаме. Дури подоцна сфативме дека сме нарачале премногу“, раскажа Федерер.

Коментирај