Роџер Федерер избори пласман во четвртфиналето на Австралија Опен, откако во пет сета 6:7, 6:4, 6:1, 4:6, 6:3 го победи петтиот носител Кеи Нишикори.
Роџер Федерер стана најстариот тенисер кој изборил четвртфинале на првиот грен слем во сезоната со победата над Нишикори. Освојувачот на 17 грен слем титули, по 13 пат во последните 14 сезони се пласира меѓу најдобрите осум на Австралија Опен.
Со исклучок на првиот сет, кога Нишикори поведе со 1:5, Федерер одигра брилијантно, на моменти потсетувајќи на најславните денови од својата кариера.
Негов противник во четвртфиналето ќе биде Миша Зверев, кој претходно направи вистинска сензација со победата во четири сета над првиот светски рекет Енди Мареј.