Федерер се квалификуваше за третото коло во Мајами, Зверев елиминиран од Ферер

Мајами, 24 март 2019 (МИА) – Трикратниот шампион Роџер Федерер (Швајцарија) се квалификуваше за третиот круг на „Мастерс“ турнирот во Мајами со награден фонд од 8,36 милиони долари. 37-годишниот Федерер го порази Раду Албот (Молдавија) ​​со 4:6, 7:5, 6:3 за нешто над 2 часа игра.

Во третиот круг, Маестро ќе игра против 27-годишниот Србин, Филип Крајиновиќ.

Број 3 во светот и втор носител, Александар Зверев (Германија) отпадна во вториот круг по поразот од 36-годишниот Шпанец Давид Ферер со 6:2, 5:7, 3:6. Ферер, кој учествува во турнирот со „вајл карта“ направи пет брејка во натпреварот. 21-годишниот Зверев го зеде првиот сет по само 30 минути, но потоа допушти 47 непредизвикани грешки и отпадна.

Канадскиот тинејџер Денис Шаповалов го победи Даниел Еванс (Велика Британија) со 4:6, 6:1, 6:3 и во следната рунда излегува против Андреј Рубљов (Русија), кој го елиминира број 9 вошемата, Марин Чилиќ (Хрватска) со 6:4, 6:4.

Португалецот Жоао Соуза оствари успех над Стив Џонстон (САД) со 7:6 (6), 6:4 и во третиот круг ќе игра против број 6 Кевин Андерсон (ЈАР), кој го отстрани Хауме Мунар (Шпанија) со 6:4, 3:6, 6:3. 20-годишниот Грк и осми носител, Стефанос Циципас пак, го победи Мекензи Мекдоналд (САД) со 7:6 (4), 6:1.

Во други средби од турнирот претставникот на домаќините Рајли Опелка оствари триумф над Диего Шварцман (Аргентина) со 6:4, 3:6, 6:4, Леонардо Мајер (Аргентина) го победи сонародникот Гвидо Пеа со 6;2, 6:4, број 14 – Марко Чекинато (Италија) победи без игра по откажувањето на Дамир Чумхур (Босна и Херцеговина). Давид Гофан (Белгија) го елиминира Пабло Андухар (Шпанија) со 6:4, 6:1, а Френсис Тиафо (САД) постигна успех против Миомир Кечмановиќ (Србија) со 7:6 (6), 7:6 (5).

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе