Ракомет
АТП ФИНАЛЕ ЛОНДОН 2019

Федерер се врати во игра за пласман во полуфиналето

12. ноември 2019 - 17:54 | Ф.З.

Швајцарецот со победа од 2:0 над Беретини ја оствари првата победа во групната фаза на финалето во Лондон.

Откако претрпе порза од 2:0 од Доминик Тим во првото коло, Роџер Федерер денеска ја забележа првата победа. Тој со 7-6 и 6-3 го совлада Италијанецот Матео Беретини и се врати во игра за пласман во полуфиналето.

Во третото коло Швајцарецот ќе има тешка задача против Новак Ѓоковиќ кој вечер од 21 часот игра против Тим во дуел на двајцата кои досега остварија победи бидејќи Србинот во првото коло славеше со 2:0 над Беретини.

Првите двајца од оваа група Б ќе продолжат во полуфиналето каде ќе вкрстуваат со двајцата најдобри од групата А каде што се натпреваруваат Александер Зверев, Стефанос Циципас, Рафаел Надал и Даниил Медведев.

Коментирај