Рецепти

Фенси оброк: Ресторан служи пица со 24-каратно злато

4. јануари 2017 - 15:13 | И.М.

Ресторанот Industry Kitchen во Њујорк има необичен оброк на своето мени, резервиран за најбогатите - пица прелиена со 24-каратно злато.

Наречена 24K, пицата има ливчиња од злато што може да се јадат, бело сирење, кавијар од Каспиското море, тартуфи и билки од Франција. 

Цената на истата на менито е 2.000 долари.

Дали би потрошиле толку пари за да ја пробате оваа златна пица?

 

Коментирај