Италијанскиот произведувач на автомобили, Ferrari, претстави два модели од новата ексклузивна серија на возила наречена „Icona Line“.
Ferrari Monza SP1 и Monza SP2 се дизајнирани по примерот на тркачките автомобили на овој произведувач од половината на 20 век, како што е Ferrari 16 MM од 1948 година.
Monza SP1 е бескомпромисен едносед, кој е дизајниран да понуди „единствено искуство за возење на болид на Формула 1“, велат од Ferrari.
SP2 е дизајниран во сличен стил, но како двосед, со што е овозможено покрај возачот, во возењето да ужива и уште едно лице.
Двата Monza модели под хаубата, како што вели произведувачот, „го имаат најсилниот V12 мотор кој Ferrari некогаш го направил“.
Станува збор за 6,5 литарски агрегат со 810 коњски сили. Автомобилите од 0 до 100 километри на час забрзуваат за само 2,9 секунди, додека од 0 до 200 километри на час за 7,9 секунди, а максималната брзина им изнесува 300 километри на час.