Свет

Ferrero почна кампања за да ги увери купувачите дека Nutella е безбедна

12. јануари 2017 - 12:08 | Д.П.

Компанијата Ferrero која е најпозната по својот чоколаден намаз, стартуваше нова кампања чија цел е да докаже дека популарната Nutella е безбеден производ. Во кампањата, компанијата одговара на тврдењата дека палминото масло што се користи во намазот, може да предизвика рак.

Во мај, Европската агенција за безбедност на храната предупреди дека супстанца откриена во палминото масло за јадење е канцерогена и дека и умереното конзумирање може да предизвика опасност за децата. Според агенцијата, намазот не може да се смета за безбеден производ. Покрај во Nutella палминото масло се наоѓа и во разни други намирници што се употребуваат.

Неколку ланци на продавници во Италија го повлекоа производот, по објавуавањето на извештајот.

Како одговор на тоа, Ferrero стартуваше кампања со која сака да ги увери корисниците дека нивниот производ е безбеден за јадење. од компанијата тврдат дека одлуката да користат палмино масло за Nutella е донесена поради квалитетот, а не поради цената. Според нив, ова масло овозможува глатка текстура што не може да се постигне со други масла.

Сепак според податоците на Reuters, заменските масла, како сончогледовото, би можеле да се користат, но тоа ќе значи зголемување за 22 милиони долари на трошоците.

Проблематична е состојката позната како глицидил естер кој се создава кога палминото масло ќе се загрее над 200 степени целзиусови, што е вообичаен процес при производството.

Оваа состојка се наоѓа и во други масла, маргарини и преработена храна, но неговата количина во палминото масло се смета за потенцијално опасно.

Светската здравствена организација и UN Food исто така изразија загриженост поради користењето на вакво масло.

Коментирај