ФФМ побара од УЕФА најстрога казна за Арнаутовиќ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) побара официјално од УЕФА најстрого да го казни австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ поради инцидентот што го предизвика во финишот на вчерашниот натпревар против македонскиот национален состав во Букурешт, во рамки на Европското првенство.

Арнаутовиќ со својот гол во 89. минута стави печат на триумфот на Австрија од 3:1 по што беше снимен од една од камерите крај теренот како со погрдни зборови се обраќа кон македонскиот репрезентативец Џани Алиоски, додека капитенот Давид Алаба се обидуваше да го замолчи својот соиграч цврсто притискајќи го со десната рака во пределот на образите.

ФФМ соопшти вечерва дека „најостро го осудува националистичкиот испад“ на Арнаутовиќ, упатен кон Алиоски.

– Воедно информираме дека поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ. Како „Куќа на фудбалот“ секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме. Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат., се наведува во соопштението на ФФМ.

 Арнаутовиќ денеска се извини за вербалниот инцидент, порачувајќи дека „не е расист“. 

реклама

Ангелов бара кружен тек кај збунувачката крстосница со чести сообраќајки во Аеродром

Read more

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

Read more

Грчки археолози открија мистериозна тркалезна градба стара 4.000 години

Read more

Кои раси на кучиња живеат најдолго?

Read more

Фудбал

Далеку од вниманието на ЕУРО и Копа Америка се игра уште едно првенство

Read more

Срушен рекордот за најбрз гол на ЕУРО: Албанија погоди по само 23 секунди

Read more

Навивач на Шкотска изведе иконска сцена од Braveheart пред стотици Германци

Read more

Словенија го освои ЕУРО 2024, ама во најдобро пиво

Read more
 

Спорт

  • play_arrow
  • filter

Далеку од вниманието на ЕУРО и Копа Америка се игра уште едно првенство

Читај повеќе

Пролет се засили со Стојчевиќ, нов договор за Василевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Срушен рекордот за најбрз гол на ЕУРО: Албанија погоди по само 23 секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да тренира по операцијата на коленото

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивач на Шкотска изведе иконска сцена од Braveheart пред стотици Германци

Читај повеќе
  • play_arrow

Словенија го освои ЕУРО 2024, ама во најдобро пиво

Читај повеќе

ПСЖ за 20 милиони го купи најдобриот руски голман

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на крилјата на Дончиќ го замрзна Бостон на -38 и ја продолжи финалната серија

Читај повеќе

Трагедија: Почина голманот на Црна Гора, Матија Шаркиќ

Читај повеќе