Кошарка

ФИБА Европа: Паркер играч на годината

7. февруари 2014 - 18:18 | Макфакс

Плејмејкерот на Сан Антонио и репрезентацијата на Франција, Тони Паркер е играч на годината во изборот на ФИБА Европа.

Паркер минатата година со Сан Антонио играше во финалето во НБА лигата, а во септември ја предводеше Франција до првата титула шампион на Европа.

Паркер со просек од 19 поени, 3,3 асистенции и 2,1 скок беше прогласен за најдобра играч на ЕП. Плејмејкерот блескаше во полуфиналето против Шпанија кога мечот го заврши со 32 поени и шест скокови.

Интересно според гласовите на посетителите на сајтот на ФИБА, Паркер не доби најмногу гласови, тој имаше четири илјади гласови помалку од Хрватот Бојан Богдановиќ, кој на крајот заврши на петтото место. Сепак пресудија бодовите кои Паркер ги доби од стручњаците, додека Богдановиќ доби само 163.

„Веќе неколку години Тони Паркер е голем амбасадор на кошарката и во Европа и во САД. Тој е само награден за сè она што го постигна во 2013 година“, рече претседателот на ФИБА Европа, Сиријел Куманс.

Коментирај