Фудбал

ФИФА одлучува за проширувањето на Мундијалот

10. јануари 2017 - 9:10 | Д.П.

ФИФА денеска ќе ги разгледува предлозите за проширување на светското првенство во фудбал. Во оптег се предлозите за светското првенство за 2026 година, за кое се уште не е одреден организаторот, а се размислува да се прошири на 40 или 48 репрезентации.

Последното проширување на светските првенства беше во 1998 година кога настапија 32 репрезентации. Истиот број на екипи ќе учествуваат и на следните две натпреварувања во Русија (2018 година) и во Катар во 2022 година. Претходно од 1954-та до 1982 година настапуваа по 16 екипи, а потоа по 24.

За проширување се залага и актуелниот претседател на ФИФА Џани Инфантино, а за за системот на натпревари постојат четири предлози - два за натпревари со 40 и два за натпревари со 48 учесници.

Ако ФИФА не ја донесе финалната одлука денеска, веројатно конечниот договор ќе биде постигнат на конференцијата во мај.

Коментирај