Филипче: Изградбата на новиот објект на Клиничката болница-Штип е предвидена за 2020 година

Штип, 6 декември 2018 (МИА) – Средината на 2020 година е новиот термин кога ќе биде изграден новиот објект на Клиничката болница во Штип, истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета и средба со раководството на болницата.

Ова е ново пролонгирање на рокот за изградбата и тоа дополнително за една година. Откако денеска ќе ја скинираат состојбата на терен ќе се прави нов динамички план, а ќе треба и да се утврди и кога ќе се набавува новата опрема за овој објект.

„Ние сме во секојдневен контакт со луѓето со кои имаме потпишано договор од страна на Министерството за здравство, а тоа е фирмата Интеркарт од Грција, со која имаме потпишано договор и која има одредени проблеми во соработката со штипски Бетон. Но, според последните информации тие нашле соодветно решение и токму затоа сега сакаме да се увериме на терен сега како стојат работите, кои работници се тука за да некаде во следната недела сите прашања во однос на новиот динамичен план, ние ги финализираме“, вели Филипче.

Прашан дали по отворањето на истрагата за сопствениците на дијализните центри во земјава ќе има проблеми со нивното функционирање, Филипче истакна дека направена е проверка во сите дијализни центри и тие нормално функционираат.

„Нема никаков проблем во однос на исплатата на платите на вработените, ниту во техничката изведба во делот на дијализата со пациентите, а за се друго не би сакал да коментирам со оглед на тоа што очигледно се води истрага од страна на обвинителството“, вели Филипче.

Засега немаат никакви информации дека би имало проблеми со работењето на дијализните центри во земјава, но доколку од терен добијат информации оти би можеле да имаат, министерот за здравство смета дека без проблеми државата ќе може да направи план, но и непречено да функционираат центрите за бубрежно болните пациенти.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе