» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

„Avatar“ триумфираше на Златните Глобуси

Понеделник, 18.01.2010 |

Научно-фантастичниот 3Д блокбастер „Avatar“ на Џејмс Kамерон, кој на светските кино благајни за месец дена заработи 1,6 милијарди долари утрово ги освои Златните глобуси за најдобар филм и режија, со што најави дар-мар на престојните доделувања на најпрестижните статуетки во филмската индустрија - Оскарите.

За Џејмс Kамерон ова е реприза од доделувањето на глобусите од пред 12 години, кога за својот „Titanic“ беше награден за најдобар филм во категоријата на драми и режија.

„Аватар бара од нас да погледнеме како е се поврзано, сите човечки суштества меѓусебно и ние со Земјата. И ако морате да патувате четири и пол светлосни години до некоја измислена планета за да го цените ова чудо од свет кое го имаме овде, тогаш знаете дека се работи за чудо од филм, за магија“, изјави Камерон благодарејќи за наградата.

Ѕвездата на филмот „Crazy Нeart“ Џеф Бриџис го доби својот прв Златен Глобус во кариерата за главна машка улога во драма, а во соодветната категорија кај жените триумфираше (исто така за прв пат) Сандра Булок за својата работа во филмот „The Blind Side“.

Во категоријата на комедиите/мјузиклите лауреатите беа: Роберт Дауни Јр. (главна машка улога, „Sherlock Holmes“), Мерил Стрип (главна женска улога, „Julie & Julia“), Мо'ник (споредна женска улога, „Precious“) и Кристоф Волц (споредна машка улога, „Inglorious Basterds“). Во оваа категорија за најдобар филм беше избран „Hangover“.

Најдобар анимиран филм е „Up“, Златен Глобус за најдобро сценарио освои „Up In The Air“, најдобрата оригинална музика ја направи Мајкл Џакино („Up“), а најдобрата песна ни доаѓа од филмот „Crazy Нeart“ - „The Weary Kind (Theme From Crazy Heart)“ oд авторите Рајан Бингам и Ти Боун Бурнет.

Сесил Б. ДеМил наградата за особен придонес во шоу бизнисот му припадна на легендарниот режисер Мартин Скорсезе.

Сите победници по категории може да ги видите - тука.

Церемонијата ја водеше познатиот британски комичар и актер Рики Џервејс кој за цело време покажуваше нагласен провокативен тон кон професијата во целина и одредени колеги, нешто што собраната холивудска елита го проследи со воздржано смешкање и аплауз, покрај многуте кисели насмевки.

Eве ги најинтересните моменти од „шоуто на Рики“ :)

Многу од добитниците и презентерите на 67. доделување на Златните Глобуси носеа црвени и жолти машнички, како потсетување на катастрофалниот земјотрес на Хаити, и повикуваа на финансиска помош за настраданите.

Погледнете ја фотогалеријата од црвениот тепих.

 

Македонија
11.03.2010 | 22:03
Охридскиот градоначалник Александар Петрески, кој се наоѓа во официјална посета на Австралија, попладнево од Сиднеј порача дека патувањето ќе го прекине доколку по своја лична проценка оцени...
Сите денешни вести

Kajgana.com
11.03.2010 | 15:14

Капитенот на германската репрезентација Михаел Балак ќе остане во Челзи уште најмалку една година, објави денес...

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Сцени од Кенија

Кенија е една од најразвиените и најубавите африкански земји, но во последните неколку години е изложена на серија негативни фактори кои константно ја уназадуваат земјата. Политички и племенски конфликти, нестабилни соседи (Сомалија, Судан, Етиопија...

Kajgana.com | http://kajgana.com

Чиле, 10 дена подоцна

Десет дена по страшниот земјотрес во Чиле со магнитуда од 8.8 степени во кој животот го загубија стотици луѓе, напорите за помош на чилеанските власти и странските организации конечно почнаа да допираат до...

Kajgana.com

Скејтери во развој

Секој обид за нов трик на тркалца или друга нестабилна површина, претставува потенцијален зародиш на нов интернет хит и отворена врата за стекнување слава од светски размери. Кога ќе размислиме подобро, некогаш е всушност...

Kajgana.com

Кога возењето на едно тркало и одењето по јаже не се доволни...

Од сите можни трикови на јаже на кои сме налетале на интернет, овој е убедливо најлудиот и најопасниот. Зошто? Затоа што вклучува мотор, еден екстра човек и перфектен баланс. Погледнете го Јохан Трабер, најпознатиот германски...

Kajgana.com

Хистерично женско стампедо

Однапред се извинуваме ако некој се најде навреден од насловот, но навистина не знаеме како поинаку да го наречеме лудилото кое се случи за време на отворањето на првата H&M продавница во Тулуз, Франција...

Kajgana.com

Самоодбрана: како да ви го скршат носот

Tеоријата си е теорија, мора да се знае. Исто како што вреди да се спомене дека има бројни докази дека таа во пракса не функционира секогаш како што треба. Еве една мала лекција на оваа тема... 

Kajgana.com

Дувна ветре развигорче

Силен ветер и фудбал - најинтересната глетка која може да се забележи на спортските терени. По ненадејниот напад на рекламните банери, пристигнува ова видео, каде ветрот го претвори овој слободен удар во најневеројатниот...

Kajgana.com

Воздушен егзибиционизам

Храброст ли е, лудост или само глупавост она што го прави Дин Потер, ние нема да коментираме. Тоа вие одлучете откако ќе го погледнете егзибиционизмот кој се случува на 2.500 метри во воздухот во (или над) Патагонија...

Kajgana.com

Holmenkollen Ski Jump

Нашиот личен рекорд е 127 метри. Мислите дека можете да скокнете повеќе? Притиснете SPACE за да почнете, уште еднаш SPACE за да скокнете, контролирајте го летот со стрелките (лево-десно) и...

Kajgana.com

Home Sheep Home

Релаксирачка игра која сигурно ќе ви го задржи вниманието. Контролирате 3 овчички со различни атрибути, а пред вас се поставени разни препреки кои ќе ви го отежнат движењето. Ваша задача е да...

Kajgana.com

Robot run

Избегнувате пречки, убиствена плазма и остри сечила, прескокнувате експлозивни боци и собирате ѕвездички за повеќе поени. Колку долго ќе издржите?

Kajgana.com

Primary

Интересна флеш авантура која мора да ја испробате. Вие го контролирате Рој, мало човече, кое е способно да ја менува бојата и своите способности, за да навлезе во различни делови од кулата полна со непредвидливи...

Kajgana.com

Metatron Beach Soccer

Изберете го вашиот омилен тим, соблечете ги обувките и почувствувајте ја песочната фудбалска магија. Ако победите повеќе од 2 натпревари, тогаш треба да се сметате себеси за профи играч.

Kajgana.com

Winterbells

Winterbells е можеби најдобрата флеш игрица на која може да налетате во зимскиот период. Одлично изработена, релаксира со прекрасниот избор на музика и едноставниот гејм плеј. Ако сеуште ја немате пробано, не ја пропуштајте.

© 2005-2010 Kajgana Media