Тајванец на возраст од 42 години почина од мозочен удар, предизвикан од преголема возбуда за време на гледањето на мега успешниот блокбастер Аватар.

Тајванецот кој страдал од висок притисок ја изгубил свеста додека го гледал филмот, по што бил однесен во болница каде компјутерската томографија покажала обилно крварење. Несреќникот починал 11 дена подоцна.
"Најверојатно, мозочниот удар е предизвикан од голема возбуда при гледањето на филмот", изјавил доктор од болницата во градот Хсинчу.
Претходно, неколку филмски интернет портали ширум светот објавија дека гледачите се жалат на главоболки и вртоглавици при гледањето на филмови снимени во 3D технологија.