Објавени се плановите за снимањето на римејкот на „The Bodyguard“, овој пат со полицаец и богата наследничка како главни ликови кои би требало да ги глумат Хју Џекмен и Мајли Сајрус.

Според најавите, хит-филмот „The Bodyguard“ со Kевин Костнер и Витни Хјустон би можел да добие римејк.
По холивудските обичаи, овој римејк кој ќе биде насловен „Personal Security“ нема да се држи баш до сите детали на својот претходник, бидејќи е најавено дека овој пат главните протагонисти ќе бидат еден детектив на њујоршката полиција и богата наследничка која тој мора да ја чува по заканите дека ќе биде киднапирана.
Колку и да е фаца волверинот Џекмен и колкава и да е растечката популарност на Сајрус, сепак се надеваме дека од стариот филм нема да биде пренесен и љубовниот заплет меѓу главните актери, бидејќи од римејк на „Телохранител“, епилогот може да биде римејк на „Лолита“.