По повеќе од деценија помината во шпекулации, се чини дека легендарниот филмски хит The Goonies ќе добие продолжение во кое би требало да се појави оригиналната актерска екипа од 1985 година.

Ете една добра вест за сите обожаватели на легендарните Goonies. По 10 години шушкање за наводното снимање на новото продолжение, овој филмски хит се чини ќе добие второ продолжение. Сценаристот на филмот Крис Колумбус изјави дека планира да ја собере оригиналната постава на актери, а некои од нив веќе и ги исконтактирал.
„Сметам дека снимањето на продолжението ќе биде можно само доколку се смисли концепт во кој тие кои глумеа деца сега ќе глумат родители, а нивните деца ќе станат Goonies. Главните актери се живи и здрави и би можеле да го изработат снимањето“, коментира Џо Пантолиано кој во филмот го глуми злобниот брат Фратели.
Goonies се снимани во 1985 година, а продолжението би можело да го здогледа светлото на денот на 25-годишнината од првиот дел. Режисер на првиот дел беше Ричард Донер, а приказната ја напиша Стивен Спилберг.