
Клинт Иствуд е најомилената филмска ѕвезда во САД за 2009 година. Дензел Вашингтон, кој беше на врвот на листата во претходните три години, годинава е на трето место на листата која ја објави угледната агенција за истражување на јавното мислење Harris Interactive.
На второто место на листата годинава е Џони Деп. Интересен е фактот што на седмото место се најде Џон Вејн, кој е мртов уште од 1979 година.
На листата годинава ги нема Вил Смит, Анџелина Џоли и Харисон Форд.
Еве ја листата на омилените американски ѕвезди за 2009 година:
1. Клинт Иствуд
2. Џони Деп
3. Дензел Вашингтон
4. Сандра Булок
5. Том Хенкс
6. Џорџ Клуни
7. Џон Вејн
8. Мерил Стрип
9. Морган Фримен
10. Џунија Робертс
Д.Л. | Кајгана